We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

ГМот го освои Купот 4-ти пат

Со мало задоцнување бидејќи ЉуЉон е во тајна мисија по наредба на Кадри, имав чест да го интервјуирам овогодинешниот победник на Купот, г. Тој се истакна како трет меѓу рамноправните шампиони на ХТ во Македонија и оваа култна ГИГАНТСКА игра, што со оглед на конкуренцијата е огромен успех. Но, да преминеме на прашањата без понатамошно одложување.

Александар Превара: Честитки за освоената титула гдине ГМ, се одвоивте на вечната листа на 3то место со 4ри освоени Куп титули.

г. Тој: Фалаааа а. Да доаѓаш на по една боза и баклава у Тетоо еј.

Александар Превара: Фала еј... да знаеш ќе доаѓам. Како се осеќате?

г. Тој: Ништо посебно да ти кажем право еј. Се шалим еј 1ви Април је... [се насмевнува а крилстално белите заби блескаат]

Секако дека е голем успех поради неколку работи:

1. победен е еден од најдобрите тимови во МКД во финалето (да не кажем Пацер), се разбира го почитуваме колегата менаџер но мораме да нагласиме :)
2. освоен е првиот трофеј после доста сезони (32 чинам)
3. успехот е значителен поради фактот што тимот е просечен за денешните стандарди
4. да се биде во друштво на тимови кои во своите витрини имаат 7 или 6 трофеи во Куп е чест и привилегија и дава мотив да атакуваме на уште трофеи се со цел да ги стигнеме легендите
5. еден преработен стих како поздрав за нашите верни следбеници и навивачи:

“Taj osećaj je divan. Prožeti smo inspiracijom

dok nesicrpni di džej Kadri samo gađa matrama

Dušmani pucaju... I dalje traje nastava



г. Тој: (сериозен израз на лицето) На почеток на сезона приоритет беше да се освојат поени за да се биде над линијата на бараж натпревари а во Купот до каде стигнам (повторување на успехот од претходната сезона ќе беше доволно). Ете се случи што се случи и 1/4 финале испадна бранителот на титулата ГМ Самсон (бај да веј голем поздрав до него од Кадрија) а мене да ми се укаже можност после 32 сезони да заиграм во финале. За начинот како испадна нема да коментирамо.

Александар Превара: Дали овој трофеј е случајнот или може да очекуваме и напад на лигашка титула у следните сезони?

г. Тој: Како што реков ова не беше планирано на почеток на сезона. Сега ќе следува период во кој тимот ќе се обиде да промени некои играчи поради годините и малце да се засили па да се обиде да обезбеди нова сезона во ПЛМ.
За разлика од пред 5/6 сезони кога Пикито немаше конкуренција во ПЛМ, последните две беа навистина интересни во натпреварувачки аспект. Тимовите кои се тука во моментот со част на изузетци се навистина јаки и во следните 3 сезони сигурно ќе гледаме добри рејтинзи. Тимот на ГМ Самсон е во моментов апсолутен фаворит за титулата а Тони верувам ќе даде се од себе за да ја освои. Пикито како и секогаш е фаворит но овој пат од сенка, бидејќи среќата не е на негова страна ;)

Александар Превара: Твоите тимови и репрезентација? Дали ја помагаш во работата на репрезентацијата?

г. Тој: Скоро имавме дискусија на формумот на репрезентацијата и на крај како и секогаш завршивме со констатација дека ние всушност немаме основа за добра репрезентација (барем јас така разбрав). Моите тимови секогаш доколку за тоа има можност ќе ја поддржуваат репрезентацијата. Првиот тим прерано почна да се натпреварува и прекина со тренингот на напаѓачите каде што мора да се нагласи по излегувањето на истите од У21 немаше контакт од скаути/селектор за што понатаму. Во вториот тим се тренира еден од најдобрите потенцијали (456873163) на неговата генерација за репрезентацијата на Србија. Покрај него тренира и Венеко (458125866) и го следи истиот план. Третиот тим е посветен на еден играч кој е изгранок на младинската академија и приѓапа на генерацијата со кога Рис и Ифо правеа дар мар на У21 сцена (барем за наши стандарди).

Александар Превара: Што те држи и понатаму на ХТ после толку време, да не кажам години :)?

г. Тој: Веројатно фактот дека ние ГМ работниците имаме големи бенифиции кај МЕ :)
Уште малку ќе станеме полнолетни :)... фактот дека е различна играта од моменталната “инстант“ понуда што на голема жалост е причина за многу помал број на корисници него во добрите времиња.

2024-04-16 19:58:59, 50 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=23574]

 
Server 071