We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Pikyto - The superman or the GIGANT

Драги читателки и читатели (там тадам там тадам - лупање на тапан) !!!

част ми го паѓала да го претставуваме победникот на Купот на Македонија Пикито (12060148), менаџерот кој ја освои 7та титула во Купот на Македонија и така стана најдобариот и единствен во Македонија (се надеваме привремено).




Луљон: Опиши ни во неколку реченици како се осеќаш и што ти значи овој успех? Мисљим 7 пехари и претекнувањето на најдобриот Александар звани Превара не е мала работа...

Пикито:- добар ти ден Луљон и најпрво големо blagodaram за поканата во престижниот ни “Тетова трибјун“. Одсекогаш ми представувало голема чест и задоволство да бидам соговорник на такво врвно новинарско перо. (тука се гледа солзата во окото на Луљон). Седма титула? Хммм... да ти бидам искрен не пратам статистики (кој не го знае ќе зажали, забелешка од авторот) и ако ти не ми кажеше појма нема да имав колку и што имам освоено така да сега некако ми е помила титулава. :)
Што се однесува до големиот Гигант - Александар... тој пак ке си се врати на победничка патека кад тад и не верувам дека оваа така наречена пол позиција долго ке биде во мој посед.

Луљон: Пред да преминеме на суштината на овој разговор, може едно мало претставување од твоја страна? (иако те знаат повеќето). Како започна да играш Хеттрик? (кој ти беше учитељ). Како го развиваше твојот тим во ова време? Кој ти помагаше на почетокот и дали сеуште учиш?

Пикито: за тие кои не знаат кој е пикито еве линк од едно мое поранешно интервју (18581). Во глобала тоа е истиот Пикито освен што од тогаш до сега имаат се случено едно чудо промени во мојот живот така да од човек со многу слободно време станав човек кој не знае што е слободно време. :)
Сеуште играм шах и редовно одам на турнири и организирам исти, почнав да играм и голбал, тоа е игра со топка за слепи лица, кој го интересира може да се види како се игра на youtube, станав и атлетичар па така фрлам копје, ѓуле, диск... активен сум за се што се случува на полето на слепите лица во државата а неретко и надвор од неа, потпретседател сум на спортската федерација на слепи лица на Македонија, ангажиран како член на извршен одбор во националниот сојуз на слепи лица, претседател на заедница на инвалиди во гевгелија итн. Поради сите овие ангажмани времето за Хеттрик ми е редуцирано до речиси нула. Седнувам по 5 минути дневно чисто да ѕирнам што како и тоа е се а камоли пак да се учи или надоградува Хт- знаењето. Сеуште си го играм она што досега сум го играл и можам слободно да речам дека за Хт и не е ни потребно некое големо знаење... сирова сила ти е единствен рецепт за успех и ништо друго.

Луљон: Раскажи ни во кратки црти како поминаа подготовките за финалниот натпревар со Самсонајт. Дали се се одвиваше според твоите претпоставки и дали очекуваше ваква поставеност од противникот?

Пикито: па да бидам искрен малку се потрудив околу финалниот натпревар. Самсон е одличен менаџер но направи една ситна грешка а тоа е тоа што играше лигашка битка, скалила, екстра натпревари кај што играше со најсилен состав со што многу ми олесни во предпоставките со какви реитинзи ке ми излезе на финалниот натпревар па одтука не беше воопшто тешко да се изнајде стратегија и да се постави добитна формација (у превод го прочитав ко селски буквар - забелешка на авторот). Мое беше само да си закажам јас еден таков натпревар и да поставам противигра на неговата и тоа е се... останатото рутински си го одработи енџинот.

Луљон: Како го отЦенуваш знаењето на другите манагери на оваа култна Гигантска игра? Дали во Македонија има компетентен манагер што ќе го освои Мастерсот?

Пикито: Како што и погоре реков не пратам Хеттрик и не знам кои се моментално најактивни менаџери, какви планови имаат и со кој квалитет и знаење располагаат. Како ми иде натпревар така само погледнувам 5 мин кој што како и пуштам наредби но за жал мастерсот оваа година ме фати на одмор и не можев да поставувам наредби како што сакам пошто во грција. Ај што е нетот тапа па и од телефон слеп човек да праќа наредби и да прави промени на истите е еднакво на невозможна мисија. Како и да е, ветувам дека следната сезона ке дадам се од себе да стигнам што подалеку во мастерсот и да докажам дека и ние во Македонија имаме респектабилни тимови спремни за високи дострели.

Луљон: Што мислиш за идните настапи во Мастерсот? Што е потребно според тебе да се освои ова престижно натпреварување?

Пикито: сирова сила, оптимизиран тим со специјалности, високо ниво за индиректни и многу многу среќа. Едноставно што се вели енџинот тој ден да е предодреден да биде на твоја страна и толку. Се друго што би додал или кажал би било само млатење празна слама. :) (Луљон се смее под брк)

Луљон: Како си задоволен со квалитетот и знаењето на менаџерите во Македонија за играта?

Пикито: веке погоре кажав дека немам појма што и како се случува на тоа поле во хт Македонија. Единствено забележувам дека првата македонска лига полека но сигурно добива на квалитет и неизвесност така да ако е тоа некој репер тогаш тоа значи дека се појавиле некои нови, млади и амбициозни менаџери а тоа самото по себе кажува дека полека но сигурно квалитетот се враќа во хт Македонија.

Луљон: Кој од менаџерите оставил најдобар впечаток на тебе а кој те има највише разочарано?

Пикито: Самсон дефинитивно за најдобар впечаток. Врвен менаџер, голем спортист, одличен логичар и стратег, голем пријател и работник за нашите национални репрезентации, приземен, реален и фер плеј на секое поле... човекот за мене едноставно е величина.

што се однесува околу менаџер кој ме има разочарано,.. тоа мислам дека е неблагодарно да се кажува и споделува во јавност доколку таквиот менаџер не е во можност да ми реплицира така да овој одговор би си го задржал лично за себе.

Луљон: Дали има менаџери со кои си во секојдневна комуникација?

Пикито: Да, порано бев во константна комуникација со Академик, Ваце, Мицинхо, Минскј и Бушав и имаше доста зафрканции и подбоцнувања околу хетрик но сега обврските си го прават своето така да сега е чудо ако со некого споделиш по некоја порака еднаш по сезона ја ли РЛ-година

Луљон: Која е најлудата работа која си спремен да ја направиш за твојот тим да победи?

Пикито: Хмммм... па мислам дека за победа во финале на мастерс би можел да влезам гол во женска бања... со врзани очи се разбира. :d

Луљон: Дали некогаш си бил во ситуација во друштво или во семејството да зборуваш за ХТ а да они те гледаат чудно?

Пикито: Со пријатели и во друштво таков момент не сум имал пошто не сум се нашол во прилика да зборувам за хетрик, но дома знам да си станам од фотеља и да искоментирам дека сум пазарил некој добар играч, сум шитнал некој за добар кеш или дека сум освоил куп ја ли лига на што жена ми знае онака слатко да ми се изнасмее ама тоа е, Хетрик е ова не е заебанција... појако е од сите можни пороци на денешнинава.

Луљон: За крај дали имаш некоја порака за менаџерите на ХТ во Македонија?

Пикито: да тренираат македонски играчи, несебично да помагаат на националните репрезентации не ставајки го клубскиот пред националниот интерес и се разбира да навиваат за соколите следна сезона во мастерсот. :)

2023-08-23 20:29:44, 104 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=23297]

 
Server 071