We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Кондиција – единица мерка за успешна екипа

Со години наназад ја играм оваа игра и сеуште не ми е соесема јасно што се случува со неа. Како се тренира кондиција? Како да се пресмета точниот удел во вкупниот тренинг секоја недела?

Оригиналниот текст е напишан од страна на (3602029), а во оваа прилика искористен од мене Луљон Лика, најголемиот новинар на овие простори, како едукативен матерјал бидејќи често е топ тема и непознаница за многу менаџери 😊

“Со години наназад ја играм оваа игра и сеуште не ми е соесема јасно што се случува со неа. Како се тренира кондиција? Како да се пресмета точниот удел во вкупниот тренинг секоја недела?“

Вакви или слични прашања често се повторуваат на форум а она што е поинтересно е што истите се поставуват од менаџери кои со години наназад се дел од универзумот наречен Хеттрик.

Овој текст има за цел да го “расветли“ овој проблем и да им помогне на менаџерите да донесат правилна одлука за својата екипа (вклучувајќи го влијанието на тие одлуки врз националните тимови).

Вовед:

Веројатно на сите ви е позната реченицата од Правилата на играта “Кондицијата мора да се тренира секоја недела како процент од вкупниот тренинг“.

Накратко од Правилата на играта за кондицијата може да се заклучи следното:

- Кондицијата мора да се тренира секоја недела како дел од вкупниот тренинг (минимун 5%);
- Подобро е да се тренира малку секоја недела отколку многу од време на време;
- На постарите играчи ќе им биде потребно повеќе кондиција секоја недела како би се задржале на одредено ниво;
- Менаџерот мора да најде сооднос на тренингот на кондиција кој највише му одговара на неговиот тим согласно целите и амбициите (клучниот дел кој всушност е целта на овој текст);
- Играчите кои во текот на неделата играле 90 минути ќе добијат 100% од предвидениот тренинг на кондиција а оние кои играле помалку од 90 минути добиваат 75 % тренинг плус додаток за која одиграна минута. Останатите играчи (повредените 1 недела или помалку) добиваат половина од овој тренинг;
- Тренингот на кондиција негативно влијае на формата на тимот, преведено на нашки - колку поголем е уделот на кондицијата во вкупниот тренинг толку се поголеми негативните ефекти на формата. При што важно е да се напомене дека тренингот на кондиција влијае на моменталната а не на позадинската форма.

Истражувања на тема кондиција

До сега сигурно сте сретнале голем број на табели и алатки кои се резултат на повеќе или помалку успешни истражувања на оваа тема. Овде треба да се напомене дека скоро сите истражувања до сега се насочени кон одредување на таканаречената гранична кондиција, поконкретно максималното ниво на кондиција кое еден играч може да го достигне по одредено време а во зависност од различни параметри.

Табеларните прикази во прв план ги ставаат годините на играчите и процентот (уделот) на кондиција во вкупниот тренинг. Останатите параметри како интензитет на тренинг, вештина на тренер, вкупен број (ниво) на асистенти секој менаџер треба да ги прилагоди (пресмета) во зависност од ситуацијата во својот тим. Секако под услов да знаете како да го направите тоа, но подобро прашање е колку и дали сите “останати параметри“ воопшто имаат влијание на вашата задача...

Дополнителен проблем прави и фактот дека до сега е многу малку истражувања се направени на тема влијанието на тренингот на кондиција на неделно ниво (поединечен придонес по секој тренинг).

Се ова укажува на тоа дека и најпрецизните табели треба да се земаат со резерва и дека не треба да се очекуваат чуда, т.е брзи и долготрајни ефекти во случај на чести и екстремни промени (зголемувања) на уделот на кондиција во вкупниот тренинг.

Како и колку делот на тренинг кој се двои за кондиција влијае на вкупниот тренинг/развој на еден играч?

Ова прашање може да се формулира преку едноставен пример: “Ако моменталниот удел, кој е доделен на тренинг на кондиција, од 10% го зголемам на 20%, колку мојата екипа ќе тренира поспоро?

Должината на тренингот на секоја вештина е (помеѓу другото) и функција на коефициентот на кондиција (КК) кој на неа (должината на тренингот) влијае како умножувач. Коефициентот на кондиција (КК) се дефинира како:

КК = 1/ (1 - % тренинг на кондиција/100) - значи, поголем коефициент на кондиција доведува до подолг период на тренинг. Логика батка 😊

Сумирано во табеларен преглед тоа изгледа вака:

%KKSporije (%)Razlika
51.0535.3
61.0646.41.1
71.0757.51.1
81.0878.71.2
91.0999.91.2
101.11111.11.2
111.12412.41.2
121.13613.61.3
131.14914.91.3
141.16316.31.3
151.17617.61.4
161.19019.01.4
171.20520.51.4
181.22022.01.5
191.23523.51.5
201.25025.01.5
211.26626.61.6
221.28228.21.6
231.29929.91.7
241.31631.61.7
251.33333.31.8


Колона 1 – дел од вкупниот тренинг кој е всушност тренинг на кондиција;
Колона 2 – коефициент на кондиција (КК);
Колона 3 – процентуално успорување на тренингот во одност на фиктивен случај на нетренирање на конција (КК приближно 1.0);
Колона 4 – разлика во одност на претходниот процент на кондиција;

Откако ќе го прочитате ова веројатно си го поставувате прашањето:
Зашто ми е тешко да го определам оптималниот процент (%) на тренинг на кондиција кога го знам сето ова?

За жал, така е поради тоа што универзалниот одговор на ова прашање едноставен но скоро па сигурно невозможен за оптимална имплементација.

Како што може да се види во табелата погоре секој процент на зголемување на кондицијата представува губиток на главниот тренинг но во исто време баш тие 4 или 5 проценти се неопходни за добивање на натпреварите. Значи одговорот се наоѓа во вашта екипа но зависи и од лигата во која се натпреварувате, т.е, зависи од вашите директни конкуренти и нивните способности и знаење.

Ако се наоѓате во изедначена лига во која поголемиот број на тимови има просечно поголема кондиција од вашата можеби е време да размислите за зголемување од неколку проценти како би можеле да бидете во борба за првите неколку места на табелата.

Во случај да сте значително подобри од тимовите со кои се натпреварувате (лигата ви е преполна со “ботови“) можеби минимален удел во тренингот од 5% често може да биде доволен за да ги изполните своите натпреварувачки амбиции (барем за лигашкиот дел).

Сепак важно за напоменување е дека ваквиот пристап бара и повеќе искуство за проценување на “моменталната околина која ве опкружува“ и способност за вклопување на целата приказна за кондицијата во одност на натпреварувачките амбиции, тренинг па дури и формата на тимот – и сето ова се разбира на долгорочно.

Просечна старост на тимот

Иако способноста да се процени опкруќувањето е клучно во правилен избор (а подоцна и во прилагодување) на тренингот на кондиција, секогаш ќе постои тенденција истата да биде прецента што доведува до значително успорување на главниот тренинг и пад на формата на тимот до одредено ниво.

Една од можностите во целата приказна е процентот на кондиција да го одредите спрема староста на вашиот тим. Ваквиот пристап дефинитивно не ги дава посакуваните оптимални резултати (не зема го зема во предвид статусот на конкурентите) но од друга страна значително ја намалува можноста од груби грешки кои може да настанат како резултат на потценување или преценување на кондицијата.

Секако и тука ќе наидете на различни предлози, а и авторот на овој текст има свое видување.

Предлогот за процентот на уделот на кондиција во зависност од просечната старотс на тимот (т.е, просечната старост на такмичарскиот дел од тимот):

Просечна старост (години)Удел на кондиција (%)
22 - 2410 - 15
24 - 2614 - 18
26 - 2818 - 22
28 - 3025 - 30
30+30


* забелешка: Бидејќи средината на теренот е и понатаму важна карика во оваа игра препораката е предложените проценити дополнително да ги корегирате за нијанса во зависност од страроста на вашите играчи кои учествуваат со најголем удел во оценката на овој параметар (играчи на средината, крила, одбрана итн.)

Заклучок

Во случај да имате доволно доверба во себе и своите аналитички способности (се разбира и доволно време), дефинитивно треба уделот на кондиција во тренингот да го прилагодувате во однос на вашите главни конкуренти. Секако сето тука наведено се важи ако вашиот тим има натпреварувачки амбиции.

Ако сепак сето ова ви изгледа како тешка, непотребна задача или немате доволно време ова можете да го правите на основа на просечната старост на играчите (пред се се мисли на играчите кои треба да го понесат товарот) и секогаш може да дојдете до “магичните проценти“ а да притоа ги избегнете грубите грешки кои ќе доведат до губење на тренинг.

Од се тука наведено може да се заклучи дека на кондицијата морате да гледате како на “нужно зло“. Кондицијата можете да ја контролирате а да притоа не ви одзема премногу од вкупниот тренинг и да биде доволна за да помогне во остварување на вашите натпреварувачки амбици

2023-05-10 21:52:09, 145 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=23189]

 
Server 071