We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

The man who shook Pikyto’s world !!!

Драги читателки и читатели во оваа прилика би сакал да го представам победникот на Купот на Македонија 03092009 (10312163), менаџерот кој го поремети планот на моментално најдобриот тим во ПЛМ за освајање на дупла круна и завземање на врвот како најдобар и единствен во Македонија.



Беше пладне, поточно беа поминати 80 минути откако сонцето го помина зенитот на тој врел пролетен ден а на плоштадот во Шкупистан, Луљон, крупниот средновечен човек облечен скромно во Бицијани одело чекореше забрзано кон Камениот мост. Целта беше фаќање на подобар сигнал и остварување повик со Џерманска.



Луљон (тит, тит, тит... бира бројот на својата Нокиа 3310, ѕвони): Аљо, аљо (откако некој подигна слушалка)
Од другата страна: Гутен таг, кој ви требит?
Луљон: Гутен таг, их бин Луљон Лика, еминентен новинар и од скоро сам запослен како уредник за Хеттрик прес. Те зовем да ти честитам титула за гољем успех. Дали би бил заинтересиран за едно интервју?
03092009: Секако :) Сѐ за Луљон! :)
Луљон: Еј ќе ти пишуам пораки со прашањата да не трошам роаминг

*забелешка: роамингот е скап да знајте




И така започна интервјуто...

Луљон: Опиши ни во неколку реченици како се осеќаш и што ти значи овој успех?

03092009: Ова е она што секој менаџер го посакува, трофеј од прва лига или од купот. Чувството не се опишува!

Луљон: Пред да преминеме на суштината на овој разговор, може едно мало претставување од твоја страна?

03092009: Моето вистинско име е Богдан, роден во Велес, моментално на печалба во Германија :)

Луљон: Како започна да играш Хеттрик?

03092009: По препорака од мој близок пријател.

Луљон: Ова ти е 13та година како ја играш најдобрата он-лајн игра, ако добро сум го правел на математиката. Како го развиваше твојот тим во ова време? Кој ти помагаше на почетокот и дали сеуште учиш?

03092009: Првите неколку сезони играв неплански, купи-продај играчи... Потоа се решив да соберам неколку млади играчи, пред се домашни и да ги тренирам подолг период. Со совети од други менаџери, нешто совети од интернет... Сепак останува уште многу да се научи.

Луљон: Раскажи ни во кратки црти како поминаа подготовките за финалниот натпревар со Пикито. Дали се се одвиваше според твоите претпоставки и дали очекуваше ваква поставеност од противникот?

03092009: Просто беше невозможно да се предвиди толку искусен менаџер. Решив да поставам моја игра, па што биде нека биде. Секако дека и среќата беше на моја страна.

Луљон: Како го отЦенуваш знаењето на другите манагери на оваа култна Гигантска игра? Дали во Македонија има компетентен манагер што ќе го освои Мастерсот?

03092009: Мастерсот се чини дека ни е далеку. Не дека немаме спремни менаџери, можно е до ресурсите, недоволно квалитетни домашни играчи....

Луљон: Што мислиш за идните настапи во Мастерсот? Што е потребно според тебе да се освои ова престижно натпреварување?

03092009: Доста залагање, среќа во жрепка....

Луљон: Како си задоволен со квалитетот и знаењето на менаџерите во Македонија за играта?

03092009: Како и глобално и кај нас има намален интерес за играва, сепак тој што сака да игра, останал. Знаењето е на високо ниво

Луљон: Кој од менаџерите оставил најдобар впечаток на тебе а кој те има највише разочарано?

03092009: Тука нема место за разочарување.

Луљон: Дали има менаџери со кои си во секојдневна комуникација?

03092009: Во играва сум ’’вук самотник’’ :)

Луљон: Која е најлудата работа која си спремен да ја направиш за товјот тим да победи?

03092009: Штета што не можеш да го поткупиш судијата :)


читајќи ја СМС пораката добиена од Богдан Луљон се насмевнува (неговите бели заби засијуваат на сонцето) и си помислува колку е само неинформисан овај човек


Луљон: Дали некогаш си бил во ситуација во друштво или во семејството да зборуваш за ХТ а да они те гледаат чудно?

03092009: Секогаш :)

Луљон: За крај дали имаш некоја порака за менаџерите на ХТ во Македонија?

03092009: Да ги остават суетите, федерациите, фракциите и партиите настрана, и да соработуваат сите за доброто на репрезентацијата.

Големо благодарам до (10312163) за издвоеното време и труд при пишувањето на СМС пораките, и да што поскоро те видиме како уште неколку пати го освајаш пехарот.

2023-04-29 20:20:41, 95 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=23186]

 
Server 070