We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Момчето кое ја пишува историјата со У21

“Ексклузивно интервју од најмрачните предели на Битола. Момчето кое ја пишува историјата со У21 репрезентацијата на Македонија - сељекторот Ифоо“

Јас, Луљон Лика еминентниот новинар на истражувачкото оделение на “Тетова Трибјун“ и од скоро уредник во Хеттрик новинарството имав гољема можност да го правам интервју со една ѕвезда во подем. Во понатамошниот текст прочитајте ги деталите...

Луљон: Па да го почнемо... Кој си ти? Што значи името на твојот тим? (ако може неколку лафа за себе да ни кажеш)

Ифо: Здраво на сите, така и на тебе Лика :). Огромно благодарам за оваа можност да имам збор за Тетова Трибјун и еден голем поздрав до твоите читатели :). Јас сум Иво од Битола и сум 32 години, работам во АјТи и во слободно време сум парт тајм сеЉектор на У21 Македонија. Љубител на храна и добро вино, а знам да изиграм и добра партија баскет или пинг понг.

Луљон: Ова ти е 4та година како ја играш најдобрата он-лајн игра, ако добро сум го правел на математиката. Како го развиваше твојот тим во ова време? Дали имаше преТстава како функционира оваа игра? Кој се твојте амбиции и планови? Кој ти помагаше на почетокот и дали сеуште учиш?

Ифо: Точно, ова ми е 4-та година како играм Хеттрик, но мора да напоменам дека сум повратник во играта каде настапував со мојот претходен тим F.C. Bitola Stars од 2009-та до 2014/15-та. Откако се вратив на Хеттрик знаев како функционира играта, дека се се врти околу бројки, равенки, статистика, веројатност од една страна и тренинг, постава, битни скилови на играчи од друга. Најмногу учев од Хеттрик Вики, форумот, но и пратење на натпревари од првата македонска лига, хеттрик мастерс и нормално светските првенства. Се уште учам со цел да сум во тек со самата игра и да си ги проширам знаењата и истото да го применам во натпреварите и тренажниот процес.

Развивањето на BT 47 почна со трошење на првата сезона на скил трејдинг за да соберам некој денар за покасно да купам квалитетни играчи преку кои со циклусен тренинг ќе изградам тим за до прва лига, да ја освојам и да се одјавам пак. Но, во меѓувреме се раѓа идеја од неколку менаџери поврзана со младинската репрезентација која има цел да ја крени на малку повисоко ниво и конечно да мрдни од дното. И јас бев дел од тој тим и од тој момент мојот примарен план да ги спуштам гигантите од тронот на мак хеттрик сцената паѓа во вода (хахах) и услугите на BT 47 се дадени на У21 Македонија.

Луљон: Кој е твојот најголем успех на клуПско ниво? Како го отЦенуваш знаењето на другите манагери на оваа култна Гигантска игра? Дали во Македонија има компетентен манагер што ќе го освои Мастерсот?

Ифо: Најголем успех на BT 47 финале во Андон Богданович купот (679369877) кој го загубив заслужено, но го имав пехарот в раце до 87-та минута :D. Тоа беше период каде немаше големи вложувања во клубот и гледав да го извадам максимумот од тоа што го имав во тој момент. Откако станав селектор, трите тима што ги имам се ставени на располагање на У21 каде се тренираат играчи и искрено немам некој план моментално за нив и во последно време гледам само да местам постава за тренинг и се далеку од компетитивна форма.

Има доста талентирани менаџери во македонската комуна и со дел сум имал и супер соработка и се надевам дека еден ден некој од нив би успеал да го освои мастерсот, но самото освојување не е само да имаш супер тим. Тука влегва и добра организација и планирање на сезоната, знаење кога перформансот на тимот е на оптимално ниво и ред други работи.

Луљон: Ова ти е трет мандат како селектор на млада репрезентација на Македонија. Дали во кратки цртни можеш да ни кажеш за работата претходно, моменталниот и идните планови? Дали конфликтот со Рис и неговото напуштање на стручниот штаб влијаеше позитивно на тимскиот дух?

Ифо: Мала исправка, ова ми е втор мандат како селектор на У21 и работата како претходно, а и сега се состои главно од 2 дела. Првиот, скаутинг на У17 потенцијалите кај младинците и скаутинг на сите у21 потенцијали преку пратење на тренинг, давање совети, контакт со менаџерите околу кондиција, секундарни вештини, барање тимови за вдомување. Голем дел од менаџерите со кои се почна иницијативата за воздигнување на у21 не се дел од самиот стручен штаб, но повеќето индиректно и помагаат на репрезентацијата. Морам да напоменам дека еден од тие менаџери е Рис773 кој тивко се повлече после европскиот куп сакајќи да го отстапи своето место, а целата репка му се заблагодари за неговиот огромен придонес. Нормално, тоа не влијаеше на тимскиот дух и играчите ко за инает сакат да му докажат дека го направи погрешниот избор и дека со нивните игри и јуришот по светската титула ќе го предомислат и вратат таму каде што припаѓа.

Луљон: Кога најрано би можеле да се жнеат плодовите на работата на скаутите и менаџерите кои тренираат потенцијали? (ова сум го крадел од друго интервју а се однесува на НТ тимот) Дали планираш да се кандидираш во иднина за НТ сељектор?

Ифо: За 2-4 сезони играчите од генерацијата за 34-то светско првенство би требало да бидат столб на сениорската репрезентација и да докажат дека стварно вредат и дека напорната работа и постигнатиот успех со у21 не беше случајност. То не значи дека дел од нив не можат и сега да бидат интегрирани во 26-те повикани за европскиот или светскиот куп и да присоберат доволно искуство за првенставата пред нив. Јас верувам во тие играчи и во менаџерите кои ги тренираат, бидејќи главно се македонски тимови кои се држеа до тренинг плановите и произведоја доста квалитетни кадри.

Не планирам да се кандидирам за НТ селектор бидејќи во моментот главниот предизвик во играта ми е работата со У21. Динамична, кратка рамка за тренирање играчи, а со воведување на европскиот куп интензитетот на У21 се зголеми за доста каде ако сакаш да си констатно компетитивен и да произведиш квалитетни кадри за сениорите бара доста активност од страна на стручниот штаб и земање на секој играч во предвид.

Луљон: Зошто го правиш сето ова, каде наоѓаш инспирација/идол?

Ифо: Ова го правам оти сакам да докажам дека иако сме мала хеттрик заедница, а и мала држава во светски рамки, можиме да постигниме многу доколку сме сложни за тоа што ни е заедничка цел. Иако со последниве успеси на у21 не привлеков нечиј поголем интерес за помош во у21 (дури и Рис773 си замина :D), сепак доста менаџери се интересираат барем за тренирање на идните репрезентативци. Главна цел е еден континуитет со У21 кој се надевам позитивно ќе се рефлектира во сениорската репрезентација.

Идол немам некој, претходно ко играв ми беше Краиова Чемпионс од Романија кој неколку пати го имаше освоено мастерсот, ама нз од кој причини реши тимот да не е компетитивен повеќе и само го одржуваше да не згасни.

Луљон: Колку се разликува водењето на репрезентацијата од водењето на сопствен клуб и колку временска анализа инвестираш при "снимање" на следен У-20 противник? Дали сето тоа го правиш сам или имаш потреба од совети/сугестии?

Ифо: Голема е разликата од водење сопствен тим со водење репрезентација. Со репката не можиш да забушаваш :D. Во сопствениот тим се зависи од тебе и не одговараш пред никој. Со репката си одговорен за сите потенцијали, комуникација, скенирање на противници, зацртвање на цели, одговарен си за се пред комуната која те одбрала. Кои играчи ќе ги повикаш, каква тактика ќе поставиш и ред други работи кои пред да си станел селектор не мислиш дека се толку важни.

Пред стартот на секое првенство правам кратка анализа на противниците и распоредот на натпреварите кои ги играме. Потоа следи анализа на нашиот тим и арсеналот со кој поседуваме за да имам почиста слика како ќе се претставиме на самото првенство. По дифолт се договараат пик натпревари со одредени противници. Секој претходен натпревар потоа ни е референтна точка не само за следниот натпревар туку и за текот на останатите натпревари. Скенингот на противникот опфаќа околу ден или помалку, но да бидам искрен повеќе се фокусирам на нашиот тим и како би го извал максимумот од нашите играчи. Хеттрик е непредвидлива игра и некогаш премногу мислење не е на арно. Имам стручен штаб со кој се консултирам, објективен сум и иако мојот збор е последен, доколку некоја сугестија држи вода ќе биди применета во тактиката.

Луљон: Ако победиш со Коморите, кои се плановите за втората фаза?

Ифо: Со секој исход има комбинации да се пласираме во втората рунда, а доколку тоа се случи после натпреварот со Коморите следи мало освежување на тимот со нови играчи и напад на 3-та рунда. Се друго е неуспех.




Накратко тоа беше Ифо (13552530), селекторот на младата репрезентација (3159) на Македонија.
Доколку ви се допадна текстот слободно кликнете “Лајк“ и/или оставете коментар за работата на Луљон. Да знаете ќе го цени тоа :)

Темата за Хеттрик новинарството во Македонија е: (17538480.1)

2023-04-22 17:28:11, 111 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=23181]

 
Server 071