We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Интервју со македонскиот шампион - Апаш

Интервју со македонскиот шампион - Апаш

1. Здраво Апаш(13259851) , би сакал накратко да им се претставите на читателите. Можете ли да ни кажете нешто за вашиот живот? Кои се вашите интереси, се разбира, освен хеттрикот?

За приватниот живот би кажал дека покрај хеттрик, сакам да спортувам и да гледам спортски натпревари во повеќе различни спортови.

2. Кога започнавте со играва дали очекувавте дека ќе бидете толку доминантен како во последните 3-4 сезони со освојени 3 титули во првата македонска лига и две титули во македонскиот куп?

Со оглед на екипата што ја имам очекував да освојувам титули, иако морам да кажам дека досега освоеното е над моите очекувања.

3. Како стигнавте до вашиот успех? имавте добар ментор? читавте по форуми како се гради тим? Гледавте видеа на јутјуб?

До овој тим стигнав пред се со малку среќа бидејќи извадив неколку одлични таленти со приближна возраст и потоа гледав да следам тренинг план за нив. Информации најчесто доббивав од форумите на хеттрик и исто така насоки од селекторите на У-21 и сениорската репрезентација.

4. Столбот на вашиот кадар се играчи од вашата академија. Тие се сега 34-35 години што значи 17-18 сезони во А-тимот + 1-2 сезони во академијата. Во кој дел од нивниот развој уживавте најмногу?

Особено интересен е делот каде што се влечат таленти и факторот изненадување кога се откриваат скиловите и кога се гледа дали некој играч може да биде супер талент.

5. Се борите и ова сезона за титула во првата македонска лига. Вашите играчи стареат што резултира со постепено губење на нивните скилови. Дали после ова сезона ќе ги продадете играчите што значи крај на доминацијата?

Точно така, играчите веќе стареат и не сум толку надмоќен над другите тимови па тоа се гледа оваа сезона каде што битката за титулата е прилично неизвесна. Можно е оваа сезона да е крај на оваа генерација ама сеуште немам одлучено дали ќе продолжам со истите играчи и наредна сезона.

6. Дали следевте некој тренинг план( цикличен тренинг план) кој траел 14+ сезони или спонтано одлучувавте?

Може да се каже дека до околу 30-тата година на моите двајца репрезентативци Мирослав Јошев и Озгур Синан Татар следев тренинг план, а потоа одлуките за тренинг беа повеќе спонтани и насочени кон остварување резултати со тимот, а самиот тренинг на скилови падна во втор план.

7. Се сеќавате колку пари имавте кога играчите имале 17 години? Дали имавте потреба од финансиски директор во текот на последните 17 сезони?

Кога играчите беа 17 години клубот немаше скоро ич пари, а финансиски директор имав само одреден краток период пред неколку сезони.

8. Што мислите за вашите настапи на ХТ Мастерс? Што е потребно според вас да се освој ХТ Матерс?

За првите два настапа во ХТ мастерс немав надеж за победа бидејќи имав многу појаки противници, додека за третиот настап очекував да го поминам првото коло, но рандомот отиде против мене, примив гол во 89та минута(701410905), а потоа во продолжението доживеав пораз. Во секој случај повеќе бев насочен кон домашната лига и купот, бидејќи доколку играв мотс во ХТ мастерс тогаш ќе имав послаби резултати во другите натпревари дома. За да се освои ХТ мастерс треба многу коцки да се поклопат, како што се добра генерација на свои играчи од младинска академија, минимален број на повреди и добар тренинг план кој што стриктно ќе се следи без да се бара краткотраен успех, како што јас направив на два три наврати во првичниот период на градење на тимот.

9. Дали планирате после вашата доминација да започнете одново со градење на тим со 17 годишни деца? Доколку да, што би промениле?

Би градел одново тим со 17 годишници, меѓутоа би чекал да се погоди некоја златна генерација од мојата младинска академија. Тоа би биле неколку играчи кои што би го сочинувале костурот на тимот. Не би купувал странски играчи во тој тим се додека не бидат моите играчи истренирани до својот максимум, единствено тоа би го променил.

10. Дали имате интерес некогаш да станете НТ или У21 селектор на Македоснката репрезентација?

За селектор немам намера да се кандидирам бидејќи немам многу време. Самиот тим бара одредена посветеност, додека за репрезентацијата треба неколкукратно повеќе ангажман.

За крај, дали имате нешто да и кажете на заедницата и на новите корисници?

На новите корисници би им порачал дека ова е интересна игра која вреди да се проба, а на ХТ заедницата би и порачал да биде малце посложна кога се работи за репрезентацијата и да се форсираат само најдобрите играчи, без разлика чиви се. Така би имале и поконкурентна репрезентација и би ни било поинтересно да ги следиме мечевите на репрезентацијата.


Ви благодариме повторно за вашето учество. Се надевам дека не беше тешко :)

2022-09-26 17:19:35, 393 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=22918]

 
Server 070