We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Денисмк - интервју

интервју

1. Здраво Денисмк (13494651), би сакал накратко да им се претставите на читателите. Можете ли да ни кажете нешто за вашиот приватен живот? Кои се вашите интереси, се разбира, освен хеттрикот?

Здраво јас сум Денис и имам 30 години. Цел живот гледам и играм фудбал и можеби затоа сум зависник од хеттрик. Исто така имам 2 годишно искуство во праглајдерство што би препорачал секому. Во слободно време читам книги и планинарам низ цела Македонија.

2.Во моментов го отслужувате вториот мандат на клупата на НТ Македонија. Зошто решивте да станете селектор?

Голем навивач сум на Македонската репрезентација во вистинскиот живот. Се информирав многу на форуми, јутјуб и твич околу клубското и репрезентативното натпреварување на хетрик па посакав додека сум на почеток од мојот цикличен тренинг со мојот прв тим, да и помогнам на Македонската репрезентација да стигне до првото учество на светско првенство што беше постигнато во мојот прв мандат.

3.Каква би била оценката за вашите мандати? Која одлука би ја промениле кога би можеле да го вратите времето?

Првиот мандат би го проценил како многу добар. Во европскиот куп игравме против
3 репрезентации кој што имале во тој момент перфектно истренирани играчи но успеавме да завршиме како 3то пласирани иако реално бевме многу далеку од тоа според скиловите на играчите. На светско првенство имавме лоша форма на играчите па затоа беше тешко да се натпреваруваме за следно коло но се боревме до последно коло за место во вториот круг. Во првиот мандат би го променил повлекувањето на утакмицата од светското првенство против Kиргистан (22649733) при водство на 0:2 која што заврши 2:2.
Од вториот мандат не сум баш задоволен каде што изгубивме во баражот за светско.
Во овој мандат најголеми грешки се направени заради промена на тактика и постава во последните минути пред почеток на натпреварите. Тоа се случи против Cловенија (24344871) и Mароко (24728277).

4. Дали планирате да одите на трет мандат?

Моментално не, можеби во иднина.

5. Дали имате желба да станете селектор на друга држава?

Не сум размислил досега за тоа но не гледам причина зошто да не.

6. Со кого најдобро работевте и дали некој намерно ве бојкотираше?

Од стручниот штаб имав најголема соработка со мојот асистен Old_boy (5901010)
Од сопствениците на репрезентативците најголема соработка имав со Apash (13259851) кој што е актуелен шампион во првата македонска лига.
Бојкот имаше од бивши селектори со затварање на НТ фарма. Се надевам дека нема никој тоа га го повторе заради тоа што само заедно можеме до уште поголеми успеси.

7.Каква репрезентација му оставате на вашиот наследник?

Би рекол појака репрезентација одколку што ми беше мене оставена.

Сега да преминеме на прашањата за Хеттрик и македонската ХТ заедница

8. Македонската хеттрик заедница падна на помалку од 200 активни корисници. Што мислите, која е причината за толку мал број корисници? Според вас, кое би било решението за привлекување нови/стари корисници?

Хеттрик е игра која што се игра на долг план, младите не се толку стрпливи па затоа делумно се намалува бројот на корисници. Најголем проблем мислам дека е искористување на позициите како НТ и У21 селектори каде што во минатото играле играчи од пријателите на селекторите а не најдобрите. Мислам дека преку усна препорака од сите нас може да се зголеми бројот на корисници.

9. Форумот во Македонија е „мртов“, што мислите дека е причината? Дали имате предлози да го вратите во живот?

Според мене е тоа заради вулгарниот начин на комуникација. Наместо да бараме начини за напредок, кај нас има само провокација и љубомора.
Единствен начин за да се врати македонскиот форум може да се постигне доколку сите заедно комуницираме на соодветно ниво и престанеме да се делиме во кланови.

Неколку лични прашања:

1.Дали игравте некоја онлајн менаџерска игра пред хет-трикот? Која е вашата приказна за „запознавање со хеттрикот“?

Хеттрик е првата менаџерска игра што сум ја играл. Ми ја препорача еден пријател во 2005 година со кого заедно игравме за пионерите на ФК Победа. Бев дете тогаш и немав дома пристап кон интернетот во тоа време, па заради неактивност ми се затвори клубот. После14 години ми текна пак на играва и креирав нов тим. Сега се сметам како еден од најактивните менаџери во македонија.

2.Според вас, која е виталната разлика помеѓу хеттрик и другите менаџерски игри?

Мислам дека е времето. Во други игри се игра една сезона за 2-3 недели и еден натпревар се игра за 5 минути. Во Хеттрик трае една сезона 16 недели и еден натпревар 90 минути.

3. Има ли менаџер од македонската заедница со кој се натпреварувате за успех?

Има 3-4 менаџери кој што имале тотална доминација во првата македонска лига но доколку бирам еден тоа е Akademik-GIGANT (11223050) кој имал доминација во македонија и стигнал до полуфинале на ХТ Мастерс.

4.Која е вашата цел во играта?

Мојата цел е да освојам двојна круна 5 сезони по ред и барем еднаш ХТ Мастерс.

5.Дали имате идол во Хеттрик?

Дефинитивно е тоа Papa-Mish (11419808) кој што е многу активен во ХТ заедницата и знае како се гради тим конкурентен за ХТ Мастерс.

6.Кој мислите дека е најдобриот менаџер во македонската ХТ заедница?

Akademik-GIGANT (11223050)

Пет брзи прашања:

1.Омилена музика?

Хај тех минимал

2.Омилен филм?

''Inception''

3.Омилена книга?

Моќта на потсвеста

4. Омилена храна?

Лазања

5. Најсекси жена?

џенифер лопез

За крај, дали имате нешто да и кажете на заедницата HT и на новите корисници на оваа игра?

Забавувајте се во најдобрата менаџерска игра. Читајте ги правилата и форумите. Следете ги сите промени во Хеттрик за да бидете константно во тек.

Ви благодариме повторно за вашето учество. Се надевам дека не беше тешко :)

2022-07-03 10:17:08, 333 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=22834]

 
Server 070